Sunday 26 August 2018

Мармалад од модри сливи и круши.



Мармалад од модри сливи и круши мој рецепт за домашен вкусен џем за мачкање на 🍞 со млеко или чај.Многу е вкусна мешавина од двете врсти овошје.
Состојки:
10кг.модри сливи
3кг.крушки било која врста
2 кг шеќер
Подготовка:
Овошките се мијат и чистат од семките и дршки,се мелат на машина за мелење месо или блендер.
Се ставаат во поголемо тенџере и се додава и шеќерот и се вари на шпорет мармалад.
Цело време се меша мармаладот да не загори,се додека се згусне убаво смесата.
Готов е кога ќе се познава трага од лажица кога ќе промешате.
Уште врел мармалад се собира во чисти и суви тегли се затвора убаво и завиткува во ќебе да се вакумираат теглите.
Многу е вкусен и за правење на колачиња и торти.

Total Pageviews