Monday 5 November 2018

Сукани банички со праз и сирење вкусни специјалитети посни и мрсни.




Сукани банички со праз и сирење вкусни банички за појадок дружење и секоја друга пригода.

Вкусни лиснати кифлички со фил од сирење и праз домашни од арапска кујна.Сите ќе ве воодушеви вкусот и форма,за празници,и сите пригоди.
Рецепт:
600 г.брашно
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка шеќер
5 лажици масло
Топла вода по потреба
15 г.свеж квасец- мало парче
За фил:
Пред исечен на парчиња и ситно сирење или урда.
Подготовка:
Во сад за месење ставете го брашното и шеќерот,во средината ставете го квасецот и сипете малку топла вода да се истопи.
Потоа додадете го маслото и сол, замесете убаво мазно тесто средно меко.
Поделете го тестото на 6 топки и оставете ги да се опушти тестото.
Расукајте кора од секоја топка и исечете ја на 4 дела како на сликата во видеото.
Напрскајте ја кората со масло и секој дел оформете го како на видеото.
Ставете фил на крај и завиткајте ја секоја мала пита како кога мотате сарма за филот да не испадне.
Наредете ги малите пити во форма на кифлички во наместена тава,се прскаат со уште малку масло.
Веднаш се печат на температура од 230 С...25 минути.
Пред крај се прскаат со топла вода и враќаат во рерна уште 2 -3 минути.
Се вадат од рерна и служат топли ,со јогурт или салата кисело млеко по вкус, превкусни се.

 
Многу вкусни и лесно се подготвуваат сукани банички со праз и сирење.

No comments:

Post a Comment

Total Pageviews