Вкусна црна шумска чоколадна торта со богат крем фил и овошје.
Може да си ја направите за дружење,родeнден или празници.Рецептот за оваа вкусна крем торта ми е од една пријателка која е мајстор бр 1 ,за торти.
Лесно се подготвува и брзо.
Состојки:
230 г.бело брашно
230 г.шеќер - кристален
100г. Какао
2 лажици сода бикарбона
1/2 мала сол
320 мл.млеко
120 мл.масло од сончоглед
2 супени лажици вински оцет
2 мали лажички ванилин екстракт
( масло или путер за подмачкување на калап)..и малку брашно.
Фил:
400 мл.маскарпоне ладно
100 г.прах шеќер
1 ванила
1 паковка желатин во прав- опционално
400 г. цреши од компот
За декорација детали:
100г. црна топено чоколадо 70%
За чоколадни прелив:
💯 г.ситно сецкана чоколада
80 мл. слатка павлака
2 супени лажици масло од сончоглед
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 С,(350F)
Калапи со пречник,3 х15 см. премачкајте го со масло средината и страните.
Од страни посипете ги со брашно трите калапи за полесно да ви се одвојат торти.
Во поголем сад ставете го брашното шеќерот,какао и сода бикарбона и сол.
Измешајте ги заедно и млеко масло,оцет и ванила потоа соединете ги во поголем сад со суви состојки.
Измешајте ги убаво состојките да добиете убава сјајна маса.
И распоредени во посебни калапи спремете ги да се печат.
Може и одеднаш да се печат торти а потоа се сечат со рецкав нож на делови.
Печете ги торти 25-30 минути.
Испечените торти извадете ги да се ладат.
За фил: во сад за матење ставете ја смесата од маскарпоне и изматете ја со шеќер во прав во густа смеса.
Да се видат остри врвови на миксер.
Додадете ги ванилин шеќер и а желатин спрема упатството на крај ако сакате поголема цврстина на крема.
Црешите исцедете ги од сирупот добро ,а со дел од сирупот напрскајте ги корите.
Почнете да ги филувате корите прво малку фил, и врз фил црешите, повторно фил па кора.
И истата постапка повторете ја на втората кора.
Покријте го филот со кора и спремете го преливот.
А торта ставете ја во фрижидер.
Чоколада омекнете ја и ставете ја во плех да се излади малку но не целосно.
А потоа со стругалка направите спирални форми за декорација, и ставете ги во фрижидер да не се стопи чоколадото.
Во друг сад ставете ја 100г. чоколада за чоколадна глазура да се истопи со павлака,мешајте додека се соединат.
Потоа додадете го и маслото и мешајте полека да стане густа смеса да не зоврие.
Сипете ја смесата од чоколадо врз тортата прво покрај обрачот да паѓа странично.
Оставете од смесата за средината на торта да биде убаво покриена.
Декорирајте ја тортата со мрзли цреши и свежи и ставете од спирални форми и трошки по целата површина на торта.
Може веднаш да ја послужите..!
Совет:
Ако ја печете торта одеднаш печете ја подолго,во (6 in) калап.
Печете ја 1 час и 15 минути.а потоа исечете ја на 3 делови со рецкав нож.
Ако додадете желатин во крем, ставете го во малку топла вода да се истопи според упатството на пакувањето.
Потоа постепено додавајте го во крема и матете додека смесата стане цврста.