Showing posts with label посни десерти. Show all posts
Showing posts with label посни десерти. Show all posts

Saturday, 3 November 2018

Посни колачи со тиква и брашно од хељда .



Здрав десерт и вкусни колачиња а воедно и Веган десерт,и вегетаријански.Моја креација и комбинација на вкусови и состојки.
Многу се вкусни колачиња и со посебна арома на морски орев,и ванила,и мала мирисна нота од тиква.
Одлични се за посни денови,и десерт со кафе.
Ако сакате и замена на шеќер со 🍯 мед имате вистински здрав десерт.
Состојки:
-110 г. растителен маргарин на собна температура
-4 супени полни лажици пире од варена тиква
-3 супени лажици браон шеќер или мед
-1 ванила шеќер
-3 супени лажици брашно од хељда
-10-11 супени лажици бело брашно т-400
-1/2 лажиче мелен морски орев
-3 полни супени лажици сок од портокал- газиран
-5 г.прашок за пециво
- малку рендана посна чоколада за одозгора
Подготовка:
Во сад за месење ставете го маргаринот и шеќерот или мед, додадете го и ванилин шеќер,и пире од тиква.
Со вилушка измешајте ги сите состојки убаво.
Потоа додадете сок од 🍊 портокал, брашно од хељда и белото брашно.
Ставете прашок за пециво и морски орев во прав.
Замесете го тестото убаво да се соединат состојките.
На набрашнета површина расукајте кора со декоративна сукалка, околу половина см.
Со калапи вадете форми по желба, кругови или месечини.
Редете ги колачињата во тава подмачкана со маргарин.
Печете ги колачињата на 200С, само 10 минути,штом се заруменат.
Пред крај на секое колаче ставете по малку рендана чоколада,и за една минута извадете ги колачињата.

Многу вкусен и здрав,лесен за подготовка десерт.
Совет:
-ако ставите мед мора и количина на брашно да се прилагоди.
Убав апетит..!

Saturday, 21 July 2018

Посни мафини со модри сливи.




Посни мафини со модри сливи,меки и многу вкусни слатки. Како посен десерт се со сите пофалби,лесно се подготвуваат и ги има 8-9 мафинчиња.
 Состојки
 -130г.шеќер
 -150 мл.вода
 -13 супени лажици полни брашно
 -1/2 прашок за пециво
-малку сода бикарбона
 - половина лажичка морско оревче во прав
-1/2 филџан масло-70 мл.
 -1 ванилин шеќер
 -4-5 модри сливи исечени на парчиња

 Подготовка:
Во сад за матење ставете ги водата , масло, шеќер,а брашното измешајте го со пециво, морско оревче,и со сода бикарбона.
Потоа соединете ги убаво сите состојки со лажица. Хартиени корпички ставете ги во калапи за мафини,со лажица полнете ги скоро целосно.
А сливите исецкајте ги поситно, ставете ги врз тестото и посипете со ванилин шеќер и кристален шеќер.
Рерната се загрева на 200С,а кога ќе ги ставите мафини да се печат се намалува на 180С.
 Колачиња се печат 20 минути додека добијат убава златна боја.
Со чепкалка проверете дали се печени.
Изладените колачиња послужете ги како десерт кога се пости или како посен појадок со чај.
 Постапката за правење е прикажана на сликите подолу.

 

Total Pageviews