Saturday, 3 November 2018

Посни колачи со тиква и брашно од хељда .



Здрав десерт и вкусни колачиња а воедно и Веган десерт,и вегетаријански.Моја креација и комбинација на вкусови и состојки.
Многу се вкусни колачиња и со посебна арома на морски орев,и ванила,и мала мирисна нота од тиква.
Одлични се за посни денови,и десерт со кафе.
Ако сакате и замена на шеќер со 🍯 мед имате вистински здрав десерт.
Состојки:
-110 г. растителен маргарин на собна температура
-4 супени полни лажици пире од варена тиква
-3 супени лажици браон шеќер или мед
-1 ванила шеќер
-3 супени лажици брашно од хељда
-10-11 супени лажици бело брашно т-400
-1/2 лажиче мелен морски орев
-3 полни супени лажици сок од портокал- газиран
-5 г.прашок за пециво
- малку рендана посна чоколада за одозгора
Подготовка:
Во сад за месење ставете го маргаринот и шеќерот или мед, додадете го и ванилин шеќер,и пире од тиква.
Со вилушка измешајте ги сите состојки убаво.
Потоа додадете сок од 🍊 портокал, брашно од хељда и белото брашно.
Ставете прашок за пециво и морски орев во прав.
Замесете го тестото убаво да се соединат состојките.
На набрашнета површина расукајте кора со декоративна сукалка, околу половина см.
Со калапи вадете форми по желба, кругови или месечини.
Редете ги колачињата во тава подмачкана со маргарин.
Печете ги колачињата на 200С, само 10 минути,штом се заруменат.
Пред крај на секое колаче ставете по малку рендана чоколада,и за една минута извадете ги колачињата.

Многу вкусен и здрав,лесен за подготовка десерт.
Совет:
-ако ставите мед мора и количина на брашно да се прилагоди.
Убав апетит..!

No comments:

Post a Comment

Total Pageviews