Showing posts with label Брзи погачи. Show all posts
Showing posts with label Брзи погачи. Show all posts

Wednesday, 21 November 2018

Посна погача за слава.

Посна погача за Божиќ Велигден и други пригоди.
Мека и вкусна со убава структура.
Состојки:
500г.брашно
200 мл.кисела вода
100 мл. масло од сончоглед
1/2 коцка свеж квасец
1 лажица мала сол
3 мали лажички шеќер
ким за одозгора
Подготовка:
Се става брашното во сад за месење,се става квасецот и шеќерот.
Вода се загрева и малку се става во сад со брашно да стаса квасецот.
Потоа додадете го маслото,сол и замесете тесто кое се одвојува од рацете.
Покријте го да стаса околу 1 час.
Извадете го на набрашнета површина и расукајте кора дебела како прст.
Со чаша за сок вадете форми- кругови.
По два круга земајте стиснете ги на долниот дел и редете ги во тава намачкана со масло во круг.
Се така додека се потроши тесто.
Тава нека е голема 26см.
Премачкајте ја погачата со масло и вода и посолете со малку ким.
Оставете ја да отстои додека се загрева рерната.
Печете ја на 180-200С. Околу 30 минути.

Saturday, 10 November 2018

Посни погачки полнети со спанаќ меки вкусни тестенини.




Погачки полнети со спанаќ,посни и вкусни специјалитети. Оваа е рецепт за брз појадок, бидејќи не се стасува тестото. Се месат и веднаш формираат форми по желба, многу се меки и вкусни.За појадок и за деца за во школо или за оние што работат за носење на работа јадење.

 Состојки:
-400г брашно-т-400 -60 мл.сончогледово масло
-1/3 од коцка свеж квасец
- малку пециво
-топла вода по потреба
 - свеж спанаќ
-1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
 -1 супена лажица јаболков оцет
 -масло со магдонос измешано за одозгора
 -посен рендан кашкавал за одозгора
 И сусам за посипување
 Подготовка:
 Ставете во сад брашно додадете го квасецот и шеќерот и сипете малку топла вода.
Оставете да се истопи квасецот и додадете ги пециво,сол и оцет.
Замесете убаво мазно тесто,оставете го да се опушти,и расукајте го.
Фил од спанаќ спремете го, измијте го исечете го на ситни парчиња и издинстајте го кратко, на вообичаен начин.
Пропржете го со масло и ставете сол по вкус. Од расучена кора со чаша вадете кругови како на сликата подолу.
 На половина кругови ставете од филот,а пак со други кругови покријте го филот.
Со вилушка од страна притиснете го тестото да се затворат краевите.
Малку масло и вода измешајте со сув магдонос и со четка поминете по површината на тестото.
А одозгора ставете рендан кашкавал,сусам и оставете ги погачките да стасаат само 30 минути. Печете ги во загреана рерна,на 180-200С,околу 15-20 минути.
Извадете ги,ако имаат цврста кора прскајте ги со малку топла вода и покријте ги.
Меки вкусни и брзи тестенини за секоја пригода,и за брзи гости и слично. Јас по желба на децата,правев и со сирење полнети погачки.

 

Thursday, 26 July 2018

Брза погача со ржено брашно


Оваа погача е комбинација од пченично брашно и брашно од рж.Многу е вкусна и здрава,но и брзо се подготвува.
Состојки:
-300г.бело пченично брашно т-400
-2 супени лажици ржено брашно
-половина лажица мала сол
-4 лажици масло
-1/4 од коцка свеж квасец
-малку прашок за пециво
-малку и шеќер
- топла вода за месење
Подготовка:
Во длабок сад за месење ставете ги двете врсти брашно,малку пециво.
И направете длабнатина,ставете го квасецот и сол, ставете го и масло, и шеќер.
Сипете малку топла вода и оставете 10 минути, потоа замесете го тестото да биде средно меко.
Со сукало на набрашнета површина истенчете го малку.
Ставете го во набрашнета тава и оставете да отстои 45 минути.
Затоа време загрејте ја рерната на температура 200С,
Погачата избоцкајте ја со вилушка и ставете да се пече на намалена температура 180С,око ок 25-30 минути.
Многу е убава и убаво мириса,вистинска македонска домашна брза погача.
За доручек со сирење или други соодветни прилози вкусен оброк.

Total Pageviews