Погачки полнети со спанаќ,посни и вкусни специјалитети. Оваа е рецепт за брз појадок, бидејќи не се стасува тестото. Се месат и веднаш формираат форми по желба, многу се меки и вкусни.За појадок и за деца за во школо или за оние што работат за носење на работа јадење.
Состојки:
-400г брашно-т-400 -60 мл.сончогледово масло
-1/3 од коцка свеж квасец
- малку пециво
-топла вода по потреба
- свеж спанаќ
-1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
-1 супена лажица јаболков оцет
-масло со магдонос измешано за одозгора
-посен рендан кашкавал за одозгора
И сусам за посипување
Подготовка:
Ставете во сад брашно додадете го квасецот и шеќерот и сипете малку топла вода.
Оставете да се истопи квасецот и додадете ги пециво,сол и оцет.
Замесете убаво мазно тесто,оставете го да се опушти,и расукајте го.
Фил од спанаќ спремете го, измијте го исечете го на ситни парчиња и издинстајте го кратко, на вообичаен начин.
Пропржете го со масло и ставете сол по вкус. Од расучена кора со чаша вадете кругови како на сликата подолу.
На половина кругови ставете од филот,а пак со други кругови покријте го филот.
Со вилушка од страна притиснете го тестото да се затворат краевите.
Малку масло и вода измешајте со сув магдонос и со четка поминете по површината на тестото.
А одозгора ставете рендан кашкавал,сусам и оставете ги погачките да стасаат само 30 минути. Печете ги во загреана рерна,на 180-200С,околу 15-20 минути.
Извадете ги,ако имаат цврста кора прскајте ги со малку топла вода и покријте ги.
Меки вкусни и брзи тестенини за секоја пригода,и за брзи гости и слично. Јас по желба на децата,правев и со сирење полнети погачки.
No comments:
Post a Comment