Monday, 12 November 2018

Брзи слани мафиши за доручек-Dry savory dough with breakfast.




Мафиши солени брзи тестенини за доручек без стасување, многу се вкусни и лесно се подготвуваат.
Мене лично многу ми се допаѓаат,меки топли со прилог сирење јогурт или со ајвар или крем џем,за мерак доручек.
Состојки:
-300 г.брашно т-400
-15 г.свеж квасец
-250 мл. мешавина од јогурт со топла вода ( пола- пола)
-1 жолчка
- малку сол половина мало лажиче
- малку шеќер
-60 г.омекнат маргарин или путер
- прстофат пециво
- масло за пржење
Подготовка:
Во сад ставете го брашното и во него пециво,а во средината ставете го квасецот и мешавина од јогурт и топла вода.
Оставете да се истопи квасецот,околу 10 минути.
Потоа додадете го сол,шеќер истопен маргарин и жолчка.
Замесете го убаво тестото  а по потреба се додава и уште  малку брашно.
Со сукалка се сука правоаголна кора,и се сечат пошироки правоаголни ленти.
Секоја лента се засекува во средината.
Едниот крај од тестото се превртува кон средината и се обликуваат сите мафиши.
Се оставаат да отстојат 15 минути.
Се загрева маслото и на умерена температура се пржат сите мафиши.
Се вадат со лажица, и ставете ги на кујнска хартија да се исцедат.
Уште топли послужете ги со сирење јогурт или крем,џем ,многу се вкусни и меки.
Ќерката ми побара рецепт многу и се допаѓаат.
Еве и за вас рецепт направете си ги,и пишете како на вас ви излегоа, и поделете ги со пријателите.
Пријатно јадење..!!!



No comments:

Post a Comment

Total Pageviews