Wednesday, 31 October 2018

Здрав десерт со тиква киноа и пченица.



Десерт со тиква киноа и пченица навистина многу вкусно јадење. 
Ми се допадна ова комбинација,јас сакам да пробам и уште многу новини. 
Сакам да истражувам често,во кујната нови вкусови. Додека почнам да пишувам на блог со торти и колачи малку и овде ќе се посветам. 
Зошто сум на одмор во бања,а потоа пак ќе има нови рецепти кои веќе се подготвени и само да ги објавам...:) 
И сега уште рецепт за оваа здраво jaдење, Веган и Вегетаријански оброк.

Состојки:
Парче тиква- печенка
3 супени лажици пченица
3 супени лажици киноа
2-3 супени лажици браон шеќер
Млеко-или вода
Морско оревче во прав
Половина вреќичка ванила
Подготовка:
Тиквата измијте ја и исчистете ги семките и излупете ја.
Потоа исечете ја на помали парчиња и ставете ги во тенџере за подготовка.(прилагодете ги количини на состојки по ваша потреба).
Додадете ја и пченица,киноа семе, ставете го и шеќерот,ванилин шеќер и налијте со ладно млеко,колку да ги покрие состојките.
Ставете го тенџерето во рерна да врие на тивко,и за околу 30-40 минути десертот ќе биде готов.Треба да изврие вишокот на течност и само малку да остане.
Послужете го десертот изладен и посипете со мелен морски орев во прав.
Ќе имате многу вкусен десерт или ужина,А може и здрава вечера,и полно витамини,Веган десерт, вегетаријански оброк, здравје во чинија.

No comments:

Post a Comment

Total Pageviews