Интегрални солени грицки со мелени семки од тиква, сончоглед и наут. Многу лесно се подготвуваат и се вкусни и можат да се поднесат кога одите на излет или за дружење со 🍺 пиво мезе.
Состојки:
100 мл.масло
100 мл.бело 🍷 вино
50 г. микс од мелени семки
Брашно по потреба
Подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрева на 180С.
Во сад ставете ги виното и масло,семенки семките сомелете ги ситно и додадете ги во сад со течни состојки.
Додадете го и брашното и замесете средно меко мазно тесто.
Расукајте го на набрашнета површина. Со нож за тесто сечете форми по желба. Ставете ги во тава обложена со масна хартија.
Печете ги интегрални грицки на 180С 10-15 мин.
Послужете ги како мезе или ужина.
No comments:
Post a Comment