Thursday, 26 July 2018

Брза погача со ржено брашно


Оваа погача е комбинација од пченично брашно и брашно од рж.Многу е вкусна и здрава,но и брзо се подготвува.
Состојки:
-300г.бело пченично брашно т-400
-2 супени лажици ржено брашно
-половина лажица мала сол
-4 лажици масло
-1/4 од коцка свеж квасец
-малку прашок за пециво
-малку и шеќер
- топла вода за месење
Подготовка:
Во длабок сад за месење ставете ги двете врсти брашно,малку пециво.
И направете длабнатина,ставете го квасецот и сол, ставете го и масло, и шеќер.
Сипете малку топла вода и оставете 10 минути, потоа замесете го тестото да биде средно меко.
Со сукало на набрашнета површина истенчете го малку.
Ставете го во набрашнета тава и оставете да отстои 45 минути.
Затоа време загрејте ја рерната на температура 200С,
Погачата избоцкајте ја со вилушка и ставете да се пече на намалена температура 180С,око ок 25-30 минути.
Многу е убава и убаво мириса,вистинска македонска домашна брза погача.
За доручек со сирење или други соодветни прилози вкусен оброк.

Saturday, 21 July 2018

Посни мафини со модри сливи.




Посни мафини со модри сливи,меки и многу вкусни слатки. Како посен десерт се со сите пофалби,лесно се подготвуваат и ги има 8-9 мафинчиња.
 Состојки
 -130г.шеќер
 -150 мл.вода
 -13 супени лажици полни брашно
 -1/2 прашок за пециво
-малку сода бикарбона
 - половина лажичка морско оревче во прав
-1/2 филџан масло-70 мл.
 -1 ванилин шеќер
 -4-5 модри сливи исечени на парчиња

 Подготовка:
Во сад за матење ставете ги водата , масло, шеќер,а брашното измешајте го со пециво, морско оревче,и со сода бикарбона.
Потоа соединете ги убаво сите состојки со лажица. Хартиени корпички ставете ги во калапи за мафини,со лажица полнете ги скоро целосно.
А сливите исецкајте ги поситно, ставете ги врз тестото и посипете со ванилин шеќер и кристален шеќер.
Рерната се загрева на 200С,а кога ќе ги ставите мафини да се печат се намалува на 180С.
 Колачиња се печат 20 минути додека добијат убава златна боја.
Со чепкалка проверете дали се печени.
Изладените колачиња послужете ги како десерт кога се пости или како посен појадок со чај.
 Постапката за правење е прикажана на сликите подолу.

 

Wednesday, 11 July 2018

Посни ќофтиња од тиквичка и ѓумбир

Посни  ќофтиња од тиквичка, посен ручек и многу се вкусни.
Брзо и лесно се подготвуваат со малку труд ќе си имате вкусен оброк.
Состојки:
-1 помала тиквичка
-3 лажици брашно
- малку прашок за пециво
-1 мало лажиче вегета
- малку мелен црн бибер
- малку ѓумбир во прав
-3 лажици масло
- масло за пржење
Подготовка:
Тиквичка прво треба да се измие, се лупи и се ренда во сад за готвење.
Се додаваат сите други состојки по ред, масло,брашно,бибер,вегета,ѓумбир,и прашокот за пециво.
Се убаво се соединува и со намрсена лажица се зема од смесата и се става во загреан тигањ да се пржат ќофтиња од тиквичка.

Кога ќе ги ставите во тигањ да се пржат намалете ја температурата на помалку.(со лажица истенчете ги поубаво ќе се печат).
За да се пржат постепено и убаво да не останат недопржени,околу 5 мин.
Многу се вкусни,и се служат како посен ручек со салата по избор,од домати или зелка.


Total Pageviews