Tuesday, 20 November 2018

Традиционална посна баклава со ореви.



Посна парена баклава со бело вино и ореви.Моја препорака за посни слави празници или со кафе десерт.
Бидејќи брзо и лесно се подготвува и многу е вкусна,и има многу парчиња. Македонски традиционални десерти.
Направена по рецеот на Вера.Трајковска.
Состојки:
800  г. брашно
250г. бело вино
500мл. масло од сончоглед
250 г. гриз
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
100-300г ситно сецкани ореви
Тава со пречник 30 см.
Лимон и сок од лимон

Шербет:
1 кг.шеќер
800 мл. Вода

Подготовка:
Во сад за месење ставете го брашното и гриз,ванилин шеќер и прашок за пециво.
Потоа постепено додавајте ги маслото и бело вино.
Додадете ги и оревите и убаво соединете ги сите состојки.
Тава за баклава намастете ја со масло и посипете со брашно.
Ставете ја смесата за баклава и ставете ја да се пече во загреана рерна на умерена температура.
Печете ја долго на 180 - 150 С.
Околу 45-50 минути.
Оставете ја да се лади и подгответе го шербетот.
Се става вода и шеќер да зоврие,10 минути.
На крај се додава лимон и сок од лимон.
Се пари ладна баклава со врел шербет.
Послужете ја за слава или празници, многу е вкусна, Македонски традиционални десерти.

No comments:

Post a Comment

Total Pageviews