Sunday, 18 November 2018

Tурска ачма тестенини со интересен изглед .

Рецепт за вкусни домашни тестенини меки и мирисни по состав и вкусни.
Рецепт од една пријателка од турска кујна.(од Кристина Пановска.)
Состојки:
-1 чаша од 150 мл.топло млеко
-1чаша 150 мл.топла вода
-1 коцка свеж квасец
-150 мл.масло
-1 јајце
-2 мали лажички сол
-2 големи лажици шеќер
- брашно по потреба
Подготовка:
Во сад за месење ставете го млекото и вода загреани,додадете го квасецот и шеќерот.
Со лажица измешајте ги состојките и додадете ги сол јајце, и масло.
Постепено додавајте брашно и месете го тестото,додека се одвои од рацете.
Оставете го да стаса, и потоа правете топчиња.
Издолжете ги со рацете и формирајте спирални форми или врзани во чвор.
Премачкајте ги со масло и жолчка и шеќер.Посипете ги со сусам и оставете ги да отстојат 30 мин.
Печете ги во загреана рерна на 180С,околу 20 мин.
Послужете ги топли со јогурт и сирење вкусни домашни тестенини.

No comments:

Post a Comment

Total Pageviews