
Tетовски комат или посна баница со праз Веган доручек и ручек. Многу вкусна македонска традиционална баница.
Случајно наидов на рецепт од една група,ама немаше постапка. И мојата пријателка од Тетово ми објасни како се прави,а за мене беше лесно за подготовка и бидејќи кај мене бабици се омилени,еве веќе ја правам давам и рецепт. Инаку оваа баница се прави и во Дебарско, и е многу вкусен доручек.
Состојки:
500г брашно т-400
1/4 коцка свеж квасец
1 лажичка мала сол
1 лажица шеќер -малку масло
Топла вода по потреба
За фил:пржен праз Масло за пита
Подготовка:
Во сад за месење ставете го брашното и квасец, ставете го шеќерот и масло, сипете малку топла вода и оставете го да отстои додека се истопи квасец.
Потоа додадете го сол,со топла вода замесете тесто со средна цврста структура.
Спремете го филот, исчистете го празот и исечете го на парчиња, и во тава ставете масло сол и малку вода динстајте го да омекне 10 мин.
Тесто поделете го на 5-6 топки.
За големата кора расукајте две топки и премачкајте ги со масло.
Ставете ги една врз друга и расукајте го во една голема кора.
Тавата за баница намачкајте ја со масло и ставете ја голема кора, напрскајте ја со масло и ставете дел од фил.
Дѓруги кори расукајте ги колку тава и редете ги преку фил,пак кора прскајте масло и пак фил.
На задната кора не се става фил. Со рацете краевите од голема кора превиткајте ги кон внатрешноста. Како што е на слики подолу.
Рерната се загрева на почетокот на работата и готова баница веднаш се прска со масло и става да се пече. Испечената баница се прска пред крајот со топла вода и враќа кратко во рерната. Се вади од рерна и покрива со кујнска крпа.
Се служи топла за појадок или ручек како посно јадење или Веган и Вегетаријански оброк.
Совет: ако имате повеќе топчиња од тесто потенки кори ќе имате и повкусна пита,а фил по вкус, урда, сирење и Др.





No comments:
Post a Comment